Рекордерски пикомаратонец

На полумаратонот во Винсконси кој се трчаше на 3ти мај, идејата на малиот Ноа и неговиот татко била единствено да го истрчаат заедно. Малиот заврши пред него со нов рекорд во неговата категорија. 

 

На 3 мај на полумаратонот Винсконси, 10 годишниот Ноа Блис успеа да заврши со време 1:37:15 со што постави нов светски рекорд на полумаратон за неговото годиште. Тој го сруши рекордот на Дру Дахлин од 2012 година кој беше 1:38:54.

Планот на Ноа и неговиот татко не бил да се брка некаков резултат, туку едноставно заедно да го завршат полумаратонот. Парот почнал да трча со малку побрзо темпо од она што го планирале, а веќе на 15-от километар Ноа го оставил татко си на станицата за освежување и го завршил маратонот пред него.

Малиот заврши на 71то место од 2073 натпреварувачи, а беше најбрзиот помеѓу 18те натпреварувачи под 19 години со разлика поголема од две и повеќе минути.

Ноа започнал да трча на 7годишна возраст инспириран од неговиот татко и мајка кои редовно учествуваат на маратонските трки.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија