Наслов

Пандемија на недоволна физичка активност кај деца и адолесценти

Генерален заклучок на многу сериозни истражувања во целиот свет е дека модерните деца се подебели, со помала физичка кондиција и со помалку физички активности отколку во минатото.

Минатата година беа направени испитувања во 15 високо развиени држави и се добија загрижувачки резултати, 40% од децата не го исполнија тестот за препорачана физичка кондиција.

Во сите истражувања во обзир беа земени севкупните физички активности како спортско рекреативни, физичко воспитување, активни игри и патувањето до училиште и до дома.

Процентот не се разликуваше многу и во земјите со среден и низок приход (ЈАР, Гана, Колумбија, Мексико). Достапноста на технолошкиот развој во ниско економски развиените системи се основна причина за регресивен процент на физички активности.

Светскиот тренд на физичка неактивност за жал не е ограничен проблем само кај возрасните. Сите испитувања покажуваат дека физичката активност се намалува со првиот школски ден а падот продолжува со училишната возраст и адолесценцијата. Адолесценцијата е традиционално период со најголем пад на интерес за физичка активност.

Просечната физичка активност генерално е поголема кај момчињата во однос на девојчињата, а најголем процент на неактивност е присатен кај децата со поголема телесна тежина од нормалната.

Постојат непобитни докази во науката за придобивките од физичките активности кај децата. Доброто ментално и физичко здравје со одличните когнитивни и образовни ефекти се карактеристика на сите физички активни деца.

Кумулативните биолошки ефекти од физичката активност во детството е сигурен долгорочен кредит за зрелата возраст.

Неодамнешните препораки на Светската Здравствена Организација (СЗО) пред се, се производ на научни и владини проекти на високоразвиени земји и светски авторитетни организации.

  • минималната дневна доза е 60 мин. а секоја минута повеќе било каква целосна физичка активност ќе биде добродојдена
  • активности за унапредување на здравјето на коските и мускулите
  • активности за подобра телесна флексибилност

Седентарните навики во детството се најголем непријател на здравствено физичкиот скор. Спроведувањето на успешната политика односно национална стратегија за физичка активност во детство е огледало на успешен здравствен систем.

Прашањето колку спортот и спортските активности се неопходни за надминување на овие проблеми се само прашање. Глобалните навики во семејствата, организацијата на локалните системи и школските програми и проекти се можеби можно решение за кое треба детална национална стратегија.

ПЛАТОН : " НЕДОСТАТОКОТ НА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ ЈА УНИШТУВА ДОБРАТА СОСТОЈБА НА СЕКОЕ ЧОВЕЧКО СУШТЕСТВО, ДОДЕКА ДВЕЖЕЊЕТО И ВЕЖБАЊЕТО МОЖЕ ДА ЈА ЗАЧУВА И СПАСИ"

02 Декември 2015

За авторот