Наслов

Најслатката градација на снег

Ако сте се изначитале статии и книги кои посочуваат минимална возраст на која децата треба да скијаат или бордаат, погледнете ги видеава и ќе ви стане јасно дека штом детето може да стои на нозе спремно е! Од одма може да иде спуст, а за година-две и назачки да вози! Се разбира, доколку успее да се качи на ски-лифт... Внимание! Следуваат екстремно бели и слатки снимки.

Ова девојче на 1 година не е многу по зборењето, ама со сноубордов моториката и доживеа ренесанса...

Дечково што ако наполнил 2 години, кога сеуште му е проблем да си го каже омилениот скијач, но затоа и тоа како ги владее чуњевите...

Овој шизиков на 3 години веќе е спремен за натпревари, па се зеза на стаза од што му е досадно...

Епа ако 4 години е правата возраст за почеток на скијачка кариера тогаш девојчево сигурно набива страшни комплекси, па дури и на оние повозрасните...

22 Јануари 2013

За авторот