Најдобриот детски подарок

Дефицинија за среќа: кога на дечињата од неколку сиропиталишта ќе им подариш велосипеди како новогодишен подарок.

Можеби едно од најпозитивните работи кои се случија во светов пред дочекот на новата година беше хуманитарната акција на Pinkbike.com кои преку нивната фондација Share the Ride создадена за собирање на средства за купување на велосипеди за деца без родители овој месец собраа 46,300 долари со кои бескрајно ги усреќија децата од три сиропиталишта во Чешка.

Фондацијата со помош на неколку популарни фаци во чешка и вебсајтот Pinkbike успеаја за обезбедат 18 нови детски велосипеди заедно со потребната заштитна опрема за три чешки домови за деца без родители. Чешка има преку 150 вакви институции за сирачиња па екипата имаше тешка задача да одлучи каде ќе отидат овие подароци. Одбрани беа домовите кои беа најзасегнати во градовите Унхост, Висока Печ и Пардубице.

Велосипедот во животот на детето игра клучна улога во здобивање на чувство на слобода и самостојност, а самиот акт на учење за управување ја зголемува самодовербата. Исто така, велосипедот е многу важен за стекнување на позитивни навики за спортување и активност кои понатаму во животот се клучни за оформување на детето и младиот човек во возрасна индивидуа. 

А што да очекуваш од дечиња кои за подарок го добиваат својот прв велосипед? Најчистата радост…

Нека ова биде идеја за хуманитарни акции и во округот на нашите граници!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија