Наслов

Малку јога за убав сон

Дали имате проблем со успивање на вашето дете? Доколку е така верувајте дека не сте осамени. Кога ќе дојде време за легнување почнува вистинска војна, каде и двајцата водите борба додека не се истоштите.

Во ваква ситуација пробајте да му ја приближите јогата на вашето дете, затоа што токму тоа ќе ви помогне полесно да заспие и да не се буди во текот на ноќта.

Практикувајте јога од кога ќе се избањате и ќе го облечете во пижами, меѓутоа пред да му читате некоја приказна. Вежбајте заедно со вашето дете, така што и двајцата ќе се релаксирате. Прво пробајте неколку пози, а од кога ќе ги совладате истите вметнете нови.

Започнете со дишење
Легнете на грб со дланките на стомак. Кажете му а детето да дише на нос и броејќи до четири при вдишување и повторно до четири при издишување. Вниманието треба да биде насочено на движењето на стомакот (папокот) кога се крева кон горе и се спушта кон долу. Практкувајте вакво дишење на почетокот и крајот од вежбањето.

Поздравете ја месечината

Застанете исправено и посегнете со рацете нагоре како да сакате да ја допрете месечината, истовремено земајќи воздух. Од тука почнете да се движите надолу со исправени колена со цел да ги допрете прстите на нозете. При изведување на ова движење издишувате. Вдишете и издишете еднаш броејќи до четири. На следното вдишување повторно посегнувате према високо према горе. Направете 3 до 5 серии.

Стиснете силно

Легнете на грб, свиткајте ги колената, прегрнете ги со рацете и повлечете ги према градите. Настојувајте предниот дел од главата да го носите према колената. Вниманието треба да биде насочено кон создавање на колку е можна поголема тензија. Употребете го овој момент за правење на смешни изрази со лицето. Од оваа позиција земете воздух и полека издишете со истовремено намалување на тензијата и враќање во почетната позиција, легнати на грб. Ова повторете го 3 до 5 пати.

Доколку не приметувате подобрување во делот на борбата за заспивање, не се откажувајте. И се разбира немојте целата рутина да ја сватите премногу сериозно. Колку повеќе се забавувате толку се поголеми шансите вашето дете да се релаксира и да сака да продолжи да го практикува ова. Бидете упорни и набрзо ќе приметите промени во времето потребно за да го заспиете вашето дете.

25 Февруари 2014

За авторот