Квалитет vs. Квантитет

Наслов

Дали вашето дете е пренатрупано со обврски?

Некои родители сметаат дека е попродуктивно нивните деца да се постојано окупирани со обврски отколку да имаат слободно време за играње, истражување и учење од лично искуство. Тие дури мислат и дека нивните деца би пропуштиле многу доколку не го прават истото што го прават и другите деца.

Како и да е, повеќето родители го посакуваат само најдоброто за нивните деца. Дури и кога намерите се добри, распоредот на децата може многу лесно да стане пренатрупан. Притисокот за постојано партиципирање во голем број на активности може да биде физички и емоционално исцрпувачки, како за родителите така и за децата.

Се разбира, организираните активности и спортски игри можат да донесат и бенефит. Тие го поттикнуваат развојот на социјалните вештини кај детето и се добра шанса за играње и вежбање. Тие го хранат спортскиот дух, самодисциплината, градењето на карактерот и решавањето на проблемите. Најважно од сè, тие се забавни. Клучен момент е тие да останат такви, и притоа да се внимава родителите и децата да не бидат преоптоварени.

Знаци дека вашето дете е Too Busy.

Децата кои се со натрупан дневен распоред после одредено време ќе почнат да ги покажуваат и првите знаци. Сите деца се различни, но кога станува збор за пребукирано дете се забележува следново:

• Се чувствуваа уморно, анксиозно, или депресивно.
• Се жали на главоболка и стомачни болки, кои може да бидат како резултат од стрес, нередовни оброци, недоволен сон.
• Не стигнува да ги заврши школските обврски, а тоа се рефлектира на оцените.

Неколку совети за Busy семејства

Понекогаш родителите кои сакаат да му помогнат на детето со привремено скратување на некои активности може да се случи да дојдат во судир со тренерот кој нема да толерира отсуства поради желбата на детето да помине повеќе време со неговите другари. Во секој случај, на крај останува на родителите да одлучат и да се уверат дека нивното дете нема да се префорсира (burning out).

Битно е да се направи распоред на активности кои се содветни на возраста, интересите, темпераментот и умствените способности на детето. Доколку станува збор за нешто многу напредно, единственото искуство што ќе го доживее детето е фрустрацијата. Во спротивно, дококу не е доволно предизвикувачко ќе предизвика досада. А кога децата прават нешто само за да ги задоволат нивните родители тогаш сето тоа губи секаква смисла.

Еве и примери за некои ограничувања кои можете да ги примените кога станува збор за активностите по училиште:

• Усогласете некои основни правила пред да се отпочне со активности по училиште: испланирајте детето да се бави само со еден спорт по сезона, или лимитирајте ги активностите на два пати за време на училишните денови.

• Водете календар за да останете организирани: залепете го листот со активности за тековната недела на фрижидерот или на некои место каде сите ќе можат да бидат во тек со настаните. ДОКОЛКУ НАЈДЕТЕ СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО НЕДЕЛНИОТ РАСПОРЕД ОСТАВЕТЕ ГО ТАКА!!!

• Колку време е потребно за одредени работи: колку активности има детето во текот на денот? Дали има тренинзи или натпревари за време на викендите? Дали има доволно време за исполување на школските обврски?

• Воспоставате добар однос со родителите на тимските другари на вашето дете. Со ова отварате простор вашето дете да го пратите да оди со нив на тренинг доколку имате да завршите некоја важна работа.

• Поставете приоритети: училиштето е на прво место. Доколку вашето дете има потешкотии во извршување на домашните работи, тогаш можеби е време привремено да се откаже од некоја активност надвор од училиштето.

• Бидете свесни за значењето на слободното време: секој има потреба да се релаксира, ужива во денот, или едноставно да не прави ништо.

11 Февруари 2014

За авторот