Нитро што?

Од целата палета на суплементи за поголеми мускули, подобар перформанс, повеќе издржливост и подолги стази, еден навистина ветува…

За што поточно станува збор? Нитро оксидот или често ќе го сретнете со кратенката (NO) е сигнална молекула и еден од најмоќните вазодилататори. Вушност (NO) предизвикува проширување на крвните садови, засилен проток на крв и многу повисока стапка на размена на материи и побрз метаболизам.

Да не должиме со многу физиологија, едноставно кажано (NO) обезбедува многу повеќе кислород до сите органи. Со тоа овој телесен гласник има неколку значајни ефекти во организмот.

  • Полезен е за превенција на кардиоваскуларни заболувања и го намалува крвниот притисок.
  • Ја подобрува работата на мозокот бидејќи го зголемува проток на крв во оваа регија и ги намалува ефектите на старечката деменција.
  • Уште една важна регија каде го зголемува протокот на крв е машкиот полов орган, па колку повеќе (NO) толку подобра ерекција.
  • Го амплифицира ефектот на вежбањето, но и го намалува времето за рекуперација.

Во 1992 нитро оксидот бил прогласен за „Молекула на годината“, а научниците кои ја откриле неговата улога во кардиовакуларниот систем се закитиле со Нобелова награда во ’98.

Сега кога веќе знаете колку е полезен (NO) за телото и за здравјето, добрата вест е дека лесно можете да ги покачите неговите нивоа преку запазување на мали нутритивни совети…

ЈАДЕТЕ ХРАНА БОГАТА СО НИТРАТИ

Спанаќ, цвекло, целер, арагула, марула, морков, репка, блитва, ротквица се дел од палетата богата со нитрати, кои под дејство на добрите бактерии во дигетивниот тракт се конвертираат во (NO)

ЕКСТРАКТ ОД ГРОЗДОВИ СЕМКИ

Студиите покажале дека овој екстракт изобилува со огромни дози на антиоксиданси, но исто така ги стимулира телесните механизми за поголема синтеза на азотен оксид.

ЛУКЧЕ И ВИТАМИН Ц

Добро познат факт е дека витаминот Ц го стимулира создавањето на (NO), но и ја штити молекулата од распаѓање. Лукот од друга страна изобилува со нитрати и кверцитин, а уште поефикасен е во комбинација со витамин Ц.

АРГИНИН И ЦИТРУЛИН

Целата приказна почнува со аминокиселината Л-цитрулин, која се претвора во Л-аргинин, за на крај да се добие (NO). Логично со засилено внесување на овие аминокиселини набрзо ќе порасне и концентрацијата на (NO) во организмот. Земајте ги како суплементи или преку исхраната. На пример лубеницата изобилува со цитрулин.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија