Хипонатремија – закана на крајот од долгата стаза

Препораките „пијте колку што сте жедни“ стануваат сè погласни…

Натриумот е еден од најзастапените елементи во човековиот организам, важен фактор за одржување осмотскиот еквилибриум, регулација на крвниот притисок и pH на телото и уште многу други аспекти во функционирањето на метаболизмот на клетките. Со нормална исхрана се внесува секојдневно, а статистиките велат дури и прекумерено во развиените земји.

Во изминатава деценија многу маратонци сметале дека се побрзи од жедта, па ја „гаселе“ уште пред да ги стаса. Заради ваквите ставови, имало и неколку смртни случаи како резултат на интоксикација со вода или подобро дефинирано – хипонатремија.

При изложување на поинтензивен физички напор како што е маратонот, заедно со потта се исфрла и значителна доза на натриум. Со самото тоа телото останува во дефицит на еден од најважните минерали и се развива потенцијално летална состојба. Акутната хипонатремија може да предизвика конвулзии и губиток на свест кај потполно здрава личност. Терапијата се состои во надоместување на изгубените електролити.

Кога станува збор за хипонатремија, најголем акцент треба да се стави на превенцијата и менаџирањето на хидратацијата пред и за време на самата трка. Треба да се пие кога има потреба од течност, кога се чувствува жед. Тоа е најдобриот начин правилно да го хидрирате телото и да го одржите електролитниот баланс за време на трка. Жедта е многу сигурен индикатор за вистинскиот статус на хидратација на телото.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија