Наслов

Дали знаеш што му недостасува на твоето тело?

Дефицитот на нутриенти кај луѓе кои се бават со спорт е честа и не ретко запоставена појава. Еве како да го препознаете проблемот.

Бавењето со спорт прави нашето тело постојано да биде под физички и ментален стрес. Ова е нешто што е комплетно природно и на долги патеки здраво, но исклучиво доколку паралелно со тој стрес нашето тело го снабдиме со сите витални макро и микро нутриенти кои му се потребни за да се опорави и да стане посилно.

Најголем дел од луѓето кои практикуваат здрав живот и спорт се комплетно свесни за ова, но сепак, заради брзиот и динамичен живот кој го водиме и честото немање можност за квалитетен оброк или пак суплементација, сегментот исхрана е ставен во втор или трет план. Ваквиот пристап на краток рок нема да има посебни последеци односно телото ќе се избори со дефицитот.

На долг рок пак ваквите лоши навики и недостатоци можат да имаат сериозни последици како хроничен замор, нарушен апетит, сон или пак расположение. Сите овие последици се крајниот исход кој можете навреме да го препознаете и да го превенирате. Еве неколку класични примери за недостаток на нутриенти кај спортист во речиси сите спортови и како тие се манифестираат.

ЖЕЛЕЗО

Замор, слабост, блед тен, ладни дланки и стапала, нарушен срцев ритам

ВИТАМИН Б12

Замор, блед тен, губење на здивот, намален апетит

КАЛЦИУМ

Стрес фрактури, намалена густина на коскеното ткиво

ВИТАМИН Д

Фрактури, болки во коските, слабост во мускулите

АНТИОКСИДАНСИ   (ВИТАМИН Ц,А,Е)

Лош перформанс, слаб или забавен опоравок, истоштеност


Доколку се бавите со спортови секогаш имајте во предвид дека разновидната и квалитетна исхрана е еден од најважните фактори за успех. Гледајте да немате рестрикција на калориите доколку сте активни и пробајте да водите евиденција за тоа што и во колкава мера внесувате во вашето тело.

Ова се само почетни информации кои би можеле да ви дадат насока за можниот проблем, сепак доколку почуствувате било што од горенаведеното посетете доктор или стручно лице кое ќе би помогне да го надминете проблемот.

11 Февруари 2019

За авторот