Четири топачи на масти кои го заслужиле своето име

Додека еден дел од ваквите суплементи често ефектот го покажуваат само напишан на амбалажата, но не и во пракса, побаравме научна основа за дел од најчесто користените топачи на масти. Следните неколку заслужуваат да се најдат на оваа листа…

КАПСАИЦИН

Не за џабе понекогаш токму тие најмалите, најцрвените и најлутите можат нè препотуваат. Станува збор за алкалоид кој им ја дава лутината на пиперките, а интензитетот е правопропорционален со содржината.

Капсаицинот го намалува апетитот кај луѓе и експериментални животни, а исто стимулира лачење на катехоламини. Така се објаснува засилената термогенеза и заилениот метаболизам по обилен оброк при вклучување на капсаицин во истиот.


Освен топење масти, овој алкалоид има и други полезности. Прочитајте тука.


Лесно може да го консумирате преку нашиот добро познат буковец или ако сте мераклија на лути пиперчиња. Доколку сте повеќе за блага варијанта може да си го набавите во форма на суплемент.

 

КОФЕИН

Утринското задоволство, освен што ве разбудува има уште неколку ефекти. Одамна е познато дека кофеинот има почесно место во спортскиот живот, но кафето и чајот имаат и дополнителен ефект на топење масти и кај оние кои си ги консумираат ритуално.

Под дејство на кофеинот доаѓа до ослободување на повеќе масни киселини во крвотокот и истите се користат како енергија. Ја зголемува термогенезата и метаболната потрошувачка.

Не мора да пиете токму кафе ако не сте обожавател. Може да земете кофеински суплемент или да си сварите чај. Зелениот, белиот, улонг чајот изобилуваат со катехини. Овие флавоноиди во комбинација со кофеинот во значително ја засилуваат енергетската потрошувачка и оксидацијата на мастите, процес кога масното ткиво се искористува за добивање енергија и автоматски се ослободувате од вишоците.

 

СИНЕФРИН

Станува збор за супстанца која природно се создава во горчливите цитрусни плодови, а се наоѓа на пазарот и во форма на суплемент. Оваа студија заклучува дека синефринот може да ја намали телесната тежина, преку покачување на липолизата и метаболната потрошувачка.

Неговата хемиска структура е многу слична со катехоламините (адреналинот и норадреналинот) кои предизвикуваат мобилизација на масните клетки според енергетските потрошувачки, па и неговото дејство е слично.

Вообичаено за ваквите супстанци е да го покачуваат крвниот притисок, но оваа студија покажува дека тоа не е случај со овој алкалоид.

 

ЈОХИМБЕ

Активната супстанца од кората на истоименото дрво, а воедно и добро познат афродизијак низ африканскиот континент е добра стратегија за губење на вишок маснотии и подобрување на сексуалниот живот.

Една студија направена врз тим елитни фудбалери покажала дека суплементите со јохимбе може да го намалат процентот на масно ткиво во телото во споредба со плацебо.

Сепак големи дози од овој екстракт може да доведат до тахикардија, висок крвен притисок, панични напади кај сензитивни лица и зголемено ниво на кортизол затоа секогаш бидете претпазливи.

Како за на крај: Никогаш не се потпирајте единствено на суплементи како начин за топење на вишок маснотии. Секогаш искомбинирајте здрава исхрана и активен животен стил како примарен начин за да го постигнете изгледот кој го посакувате.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија