Зимско табуле

Главна ѕвезда на вечерните собиранки! Брзо се подготвува, сепак вкусна и здрава опција за вечера што нема да ви прави проблем за спиење…

 
  • 1 тегла салца (ние имавме домашна залиха)
  • 1 среден црвен кромид
  • мала шолја сушен магдонос
  • 1 мала шолја кус кус
  • 1/2 кафено лажиче куркума
  • 1/2 кафено лажиче цимет
  • 1/2 кафено лажиче бибер 
  • прстофат сушен босилек
  • се полева со маслиново масло (количина по желба)
  • прстофат црно семе (нигела сатива)
 

Подготовка

1 Се загрева вода до точка на вриење (1:3 за кус кус – три шолји) и во неа се додава кус кус-от. Се остава да набабри 15-тина минути. Потоа се меша со ладна вода и се цеди.

Кромидот се сецка на ситни парченца.

3 Во поголем сад за салата се додава подготвениот кус кус, магдоносот, кромидот теглата со домати и останатите зачини.

4 На крај се полева со маслиново масло и се наросува со црното семе.

Уживајте!