Шумски јагоди – свежи
Размислувавме… Како ли да ги подготвиме шумските јагоди во некој вкусен, едноставен, лесен и освежителен рецепт?! Заклучокот го донесовме експресно.
Рецептов е многу едноставен. Разбуди се порано, тркни на некоја од прекрасните македонски планини, најди шумски јаготки, набери и изеди ги!
- Состојки: Шумски јагоди
- Потребно време: еден час за берење и еден миг за јадење
- Транспортно средство: бидон*
- Послужување: Од рака, во грст
Ве охрабруваме да прошетате низ некоја од нашите прекрасни планини, а освен да се воодушевувате од пејсажите, ѕиркајте и надолу може ќе начекате од овој деликатес…
*Пробавме во бидон да ги транспортираме до Скопје, за да споделиме со блиските. Арно ама кога стигнавме, еден дел од јаготките веќе беше претворен во џем. Ја знаете онаа „лекот е без пари ама ако го знаеш”, па еден паметен пријател не поучи следен пат во садот (бидонот) да наполниме малку вода.