Наслов

Пиперки во сенф

По рецептот на Наде Маневска, кој што сите нè плени со својот шмек, ви ги презентираме пиперките во сенф што се прилично лесни за правење, а секако се поздрави од ајварот....

 
  • 15 црвени пиперки
  • 1,5л вода
  • 1,5л алкохолен оцет
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1/2 лажица крупна морска сол
  • бибер во зрна (1 кесичка)
  • 4-5 дафинови листови
  • 250г сенф
  • 250мл маслиново масло
 

Подготовка

1. Пиперките се варат 10 минути заедно со водата, солта, биберот и дафиновиот лист.

2. Потоа пиперките се цедат и се сецкаат на ленти или коцки.

3. Оладени се мешаат со маслото и сенфот.

4. Се редат во тегли и се пастеризираат 30 минути на 100 степени во рерна.

 

 

21 Октомври 2013

За авторот