Паштета од моркови
Вкусни мачканици со доза здравје…
- 5 моркови
- 50 грама фета сирење
- 1 лимон
- 1 лажиче ким
- 2-3 чешниња лук
- 1 лажиче мед
- сушено нане
- 4 лажици маслиново масло
- сол и бибер
1. Морковите се варат во солена вода.
2. На маслиново масло се пропржува лукот и кимот.
3. Сите состојки се ставаат во блендер и се блендира, по потреба се додава од водата во која се вареле морковите додека да се добие потребната конзистенција.