ОМЕГА Макало
Добиениот намаз е супер комбинација за здрави сендвичи ама и за со мезе. Инаку, ова е доза за два јаки омега сендвичи!
- 2 лажици сусам
- 2 лажици лен
- 6 лажици посно сирење (може и урда)
- 4 лажици јогурт
- 4 маслинки
- бибер и крупна морска сол по мерак
- интегрален леб
- крекери (опционално)
Подготовка
1. Сусамот се пече во тавче додека не добие златно-жолта боја.
2. Потоа сусамот се толчи заедно со ленот.
3. Сите состојки се ставаат во блендер и се пасираат, но не премногу.
4. Уживајте во вкуснoто макало!