Огнен дигестив
За засилување на имунолошката заштита, но и внатрешно стоплување во зимските месеци…
- 1 парче ѓумбир
- 1 парче рен
- 1 лажичка куркума
- 1 среден кромид
- 7-8 чешниња лук
- 2 лути суви пиперчиња
- сок од 2 лимони
- 2 лажици бибер во зрно
- 2-3 гранчиња рузмарин
- јаболков оцет
1. Ѓумбирот, ренот и кромидот се сецкаат на коцки и треба да бидат од прилика во еднаква количина, околу 1/2 чаша.
2. Сите состојки исецкани и подготвени, се редат во тегла и треба да зафакаат околу 3/4 од теглата.
3. Теглата до крај се полни со јаболков оцет, убаво се затвора и се чува 2 недели на темно.
4. На крај течноста се процедува и се собира во шише, а се препорачува да се пие заблажено со лажичка мед.
5. Останатите состојки можете да ги употребите за чорба или омлет.