Наслов

Месен ролат

Рецептот за месниот ролат ни го даде месарот Гого од Ѓорче.

 
  • 2 кг. свински бут
  • 50 гр. тенки листови сланина
  • 4 лажици сенф
  • Сол
  • Бибер
  • Дафинов лист
  • Жалфија
  • Рузмарин
 

Подготовка

1. Потребно е да се отстрани коската од свинскиот бут

2. Истиот се премачкува со сенф, се посолува и се реди сланината во внатрешниот дел

3. Се витка во ролат и се вметнува во готварска мрежичка

4. Се става за печење заедно со 100 мл. вода и сите останати зачини и малку масло

5. Се пече на 150 степени околу 2-3 часа а најубаво се сервира кога е убаво оладен



25 Август 2016

За авторот