Македонско макало (зимска верзија)

Парче сирење, парче леб и макалцево… Друго ништо не ви треба!

 
  • 10 сушени благи пиперки
  • 10 сушени лути пиперки
  • 1 страк праз
  • 500 мл доматен сос
  • сол
  • масло
 

1. Сувите пиперки се потпекуваат на ќумбе, рингла, плинско или било кое друго грејно тело со кое располагате.

2. Пиперките се толчат со сол и ситно сецкан праз. Се додава доматниот сос и на крај макалцето се прелива со неколку лажици врело масло.