Крцкави Кранчи
Одличен појадок кој многу лесно може да го понесете со вас…
- 500 грама мешавина од житарки по избор
- 150 грама путер
- 150 грама мед
- 50 грама кокосови снегулки
- по желба додадете лешници, бадеми, рузмарин
1. Путерот се топи на оган и се додава медот.
2. Кога ќе почне смесата да зоврива се додаваат житарките со сите други додатоци.
3. Смесата, миксот се разлева на хартија за печење и се пече околу 20 минути на 200 степени.
4. Кога ќе се излади плочата се крши на покрупни парчиња…