Кокошка со матичњак
Пиле полно со вкусови и свежина благодарение на една магична состојка…
- 1 кокошка или пилешки парчиња со кожичка
- 70 грама путер
- 2 раце свеж матичњак
- 1 перце младо лукче
- сол, бибер
Подготовка
1. Ситно се сецкаат матичњакот и младото лукче и се мешаат со размекнат путер. Се зачинува смесата.
2. Кожичката на кокошката се засекува на неколку места и со прст се прават големи џепови.
3. Џеповите богато се полнат со смесата од матичњак и путер. Тавчето се подмачкува, се покрива со фолија или соодветен капак.
4. Се налева пола шолја вода. Се пече на 200 степени, околу еден час (во зависност од големината на кокошката и јачината на рерната).
5.Се јаде со сласт.
Очекувајте нешто повеќе за матичњакот и неговата употреба во најскоро време.