Ќофтиња од тиквички

Подготвувачот го советуваме за време на пржењето да се заклучи во кујна, бидејќи кој како влегува со по едно ќофте во рака излегува.

 
  • 2 средни млади тиквички
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • Китка магдонос
  • 100 грами ‘ржено брашно
  • 100 грами сирење
  • Зачини и масло за пржење
 

Подготовка

1. Тиквичките се лупат и се рендаат крупно, кромидот исто така се ренда, се посолуваат и со рака се истискуваат од вишокот течност.

2. Во длабок сад се соединуваат сите состојки и се замешува густа смеса.

3. Со голема лажица се зема од смесата (таа нека ви биде дозер) и се формираат ќофтиња.

4. Маслото убаво загрејте го. Испржете ги кофтињата од двете страни додека да позлатат.