Крцкава кисело-лута боранија
Неколку теглички од оваа зимница ќе ви бидат вистински празник за трпезата…
- Состојки за 4 тегли:
- 1 килограм боранија
- 10тина чили пиперчиња
- 400 мл алкохолен оцет
- 4 лажици сол
- 4 лажици шеќер
- неколку листови целер
- дафинов лист
- бибер во зрно
- вода за дополнување на теглите
1. Свежата боранија убаво се мие под млаз вода и убаво се исцедува.
2. Секоја тегла се полни со боранија, 2-3 пиперчиња, неколку дафинови листови и зрна бибер.
3. Во секоја тегла се додава лажичка сол, лажичка шеќер и 100 мл алкохолен оцет.
4. Теглите се дополнуваат со вода и се затвараат со капак.