Вкусен и здрав оброк за сите возрасти -ПРИЈАТЕЛИТЕ НА ДОНЕВ

Наслов

Каша од ориз, кромид и спанаќ

 
  • 1 шолја интегрален ориз
  • 400г спанаќ
  • 1/2 кромид
  • маслиново масло
 

Подготовка

1. Во садот за приготвување се става една шолја интегрален ориз со 4-5 шолји вода и половина кромид. 

2. Водата се доведува до точка на вриење, а потоа топлината на ринглата се намалува на помалку од половина за оризот се да крчка се додека не испари водата (околу 30-40 минути). 

3. По 15 минути крчкање се додава предходно исчистениот спанаќ и се остава да се обари заедно со оризот во наредните 15-20 минути.

4. Кога водата ќе испари доволно за да не плива оризот, но и да не биде сув, садот се трга на страна и се остава да олади со затворен капак. 

5. На крај се додава маслиновото масло и се пасира во блендер за да се добие хомогена смеса. 

 

19 Декември 2012

За авторот