Наслов

Причина плус да скратите од месото...

Вегетаријанството  може да го намали ризикот од колоректален карцином.

Едно големо истражување, спроведено на 77,659 испитаници, покажало дека вегетаријанскиот начин на исхрана придонесува за намалување на ризикот од карцином на дебелото црево. Имено испитаниците биле припадници на адвентистичката црква, која подржува вегетаријански начин на исхрана, без алкохол и цигари.

Месото било минимално застапено во диетата на испитаниците, а дел од нив јаделе редовно риба. По седум годишно следење, појава на колоректален карцином имало кај 490 лица, што ја прави целата група за 21% помалку склона кон овој вид на рак, во споредба со истата бројка на луѓе кои редовно консумираат месо.

Она што го заклучиле истражувачите, е дека начинот на исхрана во голема мера влијае врз здравјето и појавата на карцином. Сепак секое вегетаријанство не е исто, па најголема полза и најмал ризик од појава на колоректален карцином, покажале лицата кои консумирале риба (пескетаријанство) еднаш до неколку пати во месецот.

Освен исхраната, во превенцијата на рак важна улога игра и физичката активност. Прочитајте дополнително на следниот линк: УЛОГАТА НА СПОРТОТ ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО

 

17 Април 2015

За авторот