Повеќе овошје и зеленчук не значи помалку килограми

Со додавање на повеќе здрави намирници во исхраната, без одземање на оние “лошите” не очекувајте ефект.

 

Истражувањата покажуваат дека едноставно повеќе овошје и зеленчук сами по себе нема да направат чуда кога следниот пат ќе застанете на вага. Од сите страни се труби и алудира на повеќе свежи намирници во текот на денот и тоа се сосема во ред. Сепак овошјето и зеленчукот се незаменлив извор на биорасположливи минерали, витамини, антиоксиданси, диетални влакна и фитнонутрициенси кои имаат и те каков бенефит за вашата машина. 

Но од друга страна ако не промените некои “junk food” навики не очекувајте ефект. Исто така ако зеленчукот го консумирате потрупан со мајонез, дресинг или путер, а овошјето во вид на овошна салата со шлаг и чоколаден прелив, далеку сте од нискокалоричен свеж оброк и далеку од слабеење.

Во суштина ова истражување го покажува она што веќе со во повеќе наврати е нагласено т.е. дека битно е да се направат квалитетни промени во исхраната и да исклучите намирнци, за сметка на други. Со други зборови да намалите од лебот, пецивата, слатките нешта, но во полза на зеленчук и овошје. 

Во продолжение инфографик на сезонски свежи намирници

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија