Не ги пуштајте жените гладни во шопинг

Кога сте гладни, желбата за храна потсвесно се претвора во желба да поседувате повеќе продукти, најверојатно повеќе од она што реално ви треба за во вашиот фрижидер, па и за било што друго. 

Неколку нови истажувања и експерименти како и неколку постари ја потврдуваат поврзаноста на гладот со пазарењето на повеќе продукти и намирници отколку што реално ни е потребно, а сега се докажа дека ова не важи само за пазарлукот за по дома, туку и за било каков шопинг.

Гладот природно нè тера да посегнеме по храна и тука нема ништо чудно кога ова потсвесно се пренесува на пазарењето на повеќе намирници во супермаркетот, но научниците сакаа да погледнат подлабоко во феноменот и да откријат дали гладните луѓе се склони кон купување на работи кои реално не нè заситуваат, пример шопинг на повеќе облека и слично. 

Излегува дека да, човекот е посклон кон купување на било што кога е гладен, а психолозите и научниците што го водат овој проект во прости црти велат дека ова се случува затоа што кога гладниот човек е во шопинг, мислата „сакам храна” се трансформира во „сакам…”.

„Основниот порив за потрага по храна кога сме гладни, често знае да се претвори во покренување на низа постапки кои не се поврзани со заситување на гладот” – велат истаражувачите. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија