Наслов

Германија се изјасни за веганството

Во еден од своите последни извештаи, германската влада изјави дека веганската исхрана сноси свои ризици особено кај поедини групи на луѓе. Информацијата е доста интересна со оглед на тоа што само во Берлин, статистиката вели дека живеат 80000 вегани, а на ниво на цела држава оваа бројка е огромна. 

Додека веганството е во вистински подем во цела Германија, особено во главниот град Берлин кој се смета за европската метропола за веганското движење, германската влада во еден од своите последни извештаи изнесе неколку предупредувања за луѓето кои практикуваат ваков начин на исхрана. 

Во извештајот се вели дека целосното избегнување на месните и млечни производи т.е. консумирањето на храна од исклучиво растително потело може да биде опасна за младата популација, поточно за бебињата кои се дојат од мајки-вегани и малите деца се до тинејџерска возраст - во фаза на раст.

Како некои од основните опасности од практикувањето на ваква диета се набројани нутрициските недостатоци на витамин Б12 кој предизвикува невролошки оштетувања, депресија и состојби на психоза, недостаток на калциум и витамин Д кои се важни во растот и развојот на младите, како и недостатоците на железо и цинк. 

Извештајот истотака предупредува дека бебињата кои се доени од мајки-вегани кои не консумираат дополнителна суплементација се повеќе склони кон развивање на на погоренаведените витамински дефициенции кои доведуваат до повеќе различни проблеми во текот на растот и развојот. 

Покрај ова, извештајот сепак вели дека веганскиот и вегетаријанскиот начин на исхрана одат рака под рака со голем број на здравствени полезности, но во случај на мали деца и тинејџери, потребно е да се внимава и да се практикува минимално дополнување на исхраната со суплементација од потребниот тип. 

Интересни се и бројките за луѓето кои практикуваат веганство во Германија. Според некои владини статистики се смета дека бројката на овие луѓе се движи од 80000 до 800000 луѓе низ цела Германија. 

31 Август 2016

За авторот