Наслов

Антистрес за берење [Инфографик]

Нокаутирај ги стресот, анксизноста и депресијата со овие природни чаеви и билки...

КАНТАРИОН ги балансира неуротрансмитерите, супстанци во мозокот кои се одговорни за пренос на сигнали, како допаминот и серотонинот и на тој начин го подобрува расположението.

ЖЕНШЕН корен познат по тоа што дава дополнителна енергија и го подобрува менталниот капацитет. Оваа билка е контраиндицирана кај трудници и лица на антикоагулантна терапија.

ОВЕС чајот од овес ги намалува симптомите на депресија и анксиозност, а исто така ја стимулира и сексуалната функција. Ги намалува артритичните болки.

МАТОЧИНА оваа билка може да се најде во сечиј двор. Ќе ја познаете по интензивниот мирис на лимон, па затоа го носи и името „лимонова трева“. Маточината го намалува стресот, смирува и ја подобрува меморијата. Може да ја користите како чај, но и како зачин.

КАМИЛИЦА чајот од камилица е познат по своето смирувачко дејство, одличен е за подобрување на сонот и за намалување на анксиозноста. Бидете внимателни со камилица ако сте алергични на полен.

ГУАРАНА бидејќи содржи кофеин, и тоа двапати повеќе отколку кафето, гуараната може да го подобри расположението, да даде дополнителна енергија и позитивна енергија.

РЕИШИ или уште позната како дабова сјајница е печурка која расте на дабовото дрво и позната во традиционалната кинеска медицина како лек за подобрување на сонот, имуниот систем и крвниот притисок. Во последно време на оваа габа ѝ се препишуваат и антиканцерогени својства.

27 Мај 2015

За авторот