зошто не смееме да го конзумираме?

Наслов

Мајонезот-крал на лошата исхрана

Сите знаеме дека мајонезот не е здрав, висококалоричен е и масен. Сепак, многумина го сметаат за најдобар прилог во секое јадење.

За луѓе што сакаат да развијат здрави навики во исхраната, мајонезот е еден продукт што мора да се избегнува. Висококалоричен е, содржи огромно количество масти и речиси целата негова прехрамбена "вредност" му се сведува на тоа.

Од сите видови што се нудат на пазарот па дури и оние во light варијанта, ниеден не се препорачува.

Обичните мајонези содржат дури 75% масти, а нискокалоричните најмногу 50%, што во секој случај не е малку. Ако на ова се додадат емулгаторите и другите хемиски состојки што вообичаено ги користи прехрамбената индустрија, добиваме производ за кој сериозно треба да размислиме зошто воопшто би го конзумирале.

Исто така, во мајонезот произведен за широката потрошувачка не знаеме точно колкаво е количеството на сол, шеќер и другите видови адитиви.

 

Нутриционистички факти во една лажичка мајонез

Калории: 57 

% од дневните потреби *
Вкупно масти: 4.91g 8%
Заситени масти: 0.72g 4%
Полинезаситени масти: 2.646g
Мононезаситени масти: 1.323g
Холестерол: 4mg 1%
Натриум: 105mg 4%
Калиум: 1mg
Вкупно јагленихидрати: 3.51g 1%
Диетални влакна: 0g 0%
Шеќери: 0.94g
Протеини: 0.13g

Витамин А: 1%
Витамин Ц: 0%
Калциум: 0%
Железо: 0%

Наместо да ги внесувате сите овие нездрави масти и калории, зголемете го внесот на овошје и свежи салати {оние кои не се служат со дресинг/прелив од мајонез :)

09 Април 2013

За авторот