Наслов

1 на 1 со пржениците

Можеби знаете, можеби не, но пржениците, особено оние длабоко пржени знаат да бидат страшен избор на вашето дневно мени. Тие нудат скоро никакви хранливи вредности, а во себе кријат безвредни па дури и опасни материи кои се катастрофа по вашето здравје. 

Хранливи (не)вредности

Пржените работи (особено длабоко пржените) се богати со високи вредности на оние масти кои ни случајно не сакате да ги внесувате во вас. Многу ресторани и фаст фуд ланци ги пржат овие работи во зејтини полни со транс – масти (најнездравиот облик на масти што воопшто постои), а бидејќи храната многу често се похува, брашното впива многу повеќе од тие нездрави материи. Јадејќи храна богата со масти значи и повеќе калории, па ние неповратно си се дебелееме и правиме дополнителен проблем по нашиот организам.

Здравствени ризици

Длабоко пржените работи како помфритот, похуваните кромиди, маслинки, тиквички, содржат огромни количини на заситени и транс масти, кои ги зголемуваат нивоата на лошиот холестерол и последователно допринесуваат до појава на срцеви заболувања, а и некои типови на рак.

Исто така храната пржена на повисоки температури може да содржи акриламид, можен карциноген, кој се формира многу помалку при пржење на пониски температури.

Што може да направиме?

Едноставно, сведете го овој тип на храна на минимум. Направете сериозни напори да се одвикнете од ваквата исхрана и на нејзино место внесете повеќе свежи продукти. Се додека вашата чинија е здрава, избалансирана и ниска во количеството на масти, повременото (навистина повремено и ретко!) консумирање на некои вакви намирници нема да ви наштети во голема мера. Но, доколку тие станат дел од вашето секојдневие, тука веќе сте во проблем. Затоа добро размислете колку често консумирате ваква храна и обидете се тоа да биде минимално односно умерено.

И запаметете, џабе ако после пржењето храната се обидувате да ја обезмастите во една или две салфетки кога таа била целосно потопена во зејтин!

16 Декември 2012

За авторот