Зошто олимпијците имаат лошо орално здравје?

Професионални атлети, млади, здрави и стројни луѓе кои се репер за човечкото здравје, а со мал милион дентални проблеми. Зошто баш така?

Откако на Олимпијадата во Пекинг 2008 година биле нотирани прилично голем број на дентални проблеми кај професионалните спортисти, Медицинската комисија на Меѓународниот олимписки комитет во март 2009 година дава изјава каде се повикува на правење повеќе студии на протврдување на оваа релација, состојбата на оралното здравје кај атлетската популација и неговиот импакт врз нивното здравје.

Неодамнешна студија објавена во the British Journal of Sports Medicine пак, после неколку години открива исто така многу лоша ситуација со оралното здравје на учесниците на Игрите во Лондон 2012 година.

Имено, на овие Игри било испитувано оралното здравје на 278 атлети од 25 различни спортови примарно од Европа, Африка и Северна и Јужна Америја. 40 проценти од испитуваните кажале дека имале некави потешкотии од ваков вид, 28 проценти изјавиле дека тоа им влијаело во квалитетот на живот, а 18 проценти и на преформансите и тренинзите.

Она што било уште поизненадувачки се процентите на од самите прегледи. 55 проценити од нив имале некаков вид на кариес, 45 проценти имале дентални ерозии, а и гингивитот, во некаква форма бил значително присутен кај 75 посто од испитаните. 15 проценти веќе имале иреверзибилни промени на пародонталните ткива (пародонтопатија).

Извештајот од МОК за 2009 година ја поврзува големата застапеност на ерозии со прекумерната употреба на спортски пијалоци кои се кисели по природа.

Но, од друга страна се споменуваат и слабите финансиски примања во светот на атлетиката кои може индиректно да допринесат до сиромашно орално здравје, бидејќи спонзорствата и поголемите месечни и годишни примања во олимпискиот свет многу често доаѓаат само со големата слава и медалите кои тешко се заработуваат.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија