Зошто Денвер забрани групно вежбање на јавни места?

Додека цела Америка се бори со дебелината и високите стапки на срцеви заболувања и дијабет, во Денвер, еден од „најздравите“ градови во Америка градските власти забранија групно собирање и вежбање на јавни места.

И покрај негодувањето на огромната бројка на фитнес тренери, јога инструктори и пред сè луѓе кои што вежбаат во некакви групи низ парковите и плоштадите во Денвер, ставот на градските власти е тој. Не се дозволени комерцијален тип на активности без дозвола.

Историски тоа се однесувало на концерти, фестивали и трки, но во последно време од кога почнаа сè повеќе да се собираат групи со различни тренинг програми (крос фит, јога итн.) оджувани на јавни места, настапи забрана и за ова.

Луѓето кои се дел од вакви тренинг сесии се главните што негодуваат за овој чекор бидејќи со ова се прави само обесхрабрување на оние кои облекле патики и шорц и решиле да бидат бар малку поактивни и здрави.

А на удар се и фитнес тренерите кои имаат веќе закажани цели групи за вакви сесии, па сега излез се бара во одењето надвор од градот.

Советниците и луѓето кои го поддржуваат овој став тврдат дека немаат ништо против вежбањето, туку дека испотените групи на луѓе се малку непријатни, а окупирањето што го прават групните сесии на тротоарите и парковите е главната причина за забраната.

Сега за сега, фризбито и т.н. сокер се дозволени, но може и тие да бидат на удар.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија