Наслов

Зборум Чили, R.I.P.

На 7 април 2013 година на 29 годишна возраст почина Шелон Милер (Chelone Miller), во сноубордерскиот свет познат како "Chilly".

Дечкото знаеше што прави во воздух, но и на земја. Тоа најдобро го покажа кога во март оваа година победи на Ралвс Банзаи турнирот. Чили го поврзуваат со многу интересни приказни, претставувајќи го како чудовиште на планината. Kај него стравот не постоеше, а со тоа беше на добар пат заслужено да се прослави. 

Шелон Милер често го поврзуваа со неговиот брат Бод Милер, кој е ски тркач во тимот на САД, додека Чили беше познат како многу јак фристајл сноубордер. 

Шелон имал историја со повреди на главата, а посериозна несреќа му била падот од мотор кога бил во 11 дневна кома и имал проблеми со помнењето. Тој и по несреќата продолжи со бордање можеби уште подобро од предходно, а во 2009 година беше прогласен и како истакнат Суперпарк сноубордер во "Snowboard Magazine".

Чили долго време си работел на своите сноубордерски техники во позадина, без камери, фотографи и спонзори. Тој и беше малку непознат на публиката, но ги совладуваше големите скокови без многу напор, со голема прецизност и стил.

Една пресвртница му беше на Суперпарк 13 каде почнале да се шират гласини дека има некое дете кое го прелетува скокот "Loon", без никој да го види или да го документира. Набрзо, целата медиа се собра да го види ова чудо од дете кое доаѓа од Њу Хемпшир, како елегантно си слетува на еден од најголемите скокови видени во последниве години.

На овој линк можете да го прочитате интервјуто со овој дечко чиј живот и кариера згаснаа прерано. 

09 Април 2013

За авторот