Наслов

Започна првата Мијачка планинска трансверзала

Со старт од селото Битуше, ова утро двајца млади планинари од Скопје кои влечат корени од мијачкиот крај започнаа неколкудневна авантура со планинарење на најинтересните и убави врвови и села во Мијачијата. 

Коста Тасески и Марко Филиповски

Коста Тасески кој има потекло од селото Битуше и Марко Филиповски со корени од Галичник се младите планинари кои овој продолжен викенд, самостојно ќе се обидат да ја поминат таканаречената Мијачка Планинска Трансверзала. Идејата за една ваква планинарска повеќедневна трансверзала потекнува токму од нив двајца, а целта е да се конектираат родните села и да се посетат највисоките врвови во овој дел од мијачијата.

Екипата стартуваше денеска на 13 јуни во утринските часови од селото Битуше со план да се качат Веливар, највисокиот врв на Дешан, Голем Крчин, Рудина, Црвена Плоча и да се спушти до дебарското село Бањиште. Оттаму тие ќе се префрлат до селото Броштица на Стогово каде ќе се качи врвот Голем Рид, па преку Гари, Лазарополе, Тресонче ќе се стигне во Галичник како крајна дестинација. 

Планот е во текот на овие неколку денови да се мине целиот круг со кампување на некои локации.

13 Јуни 2019

За авторот