Комерцијален текст

Наслов

Во Скопје се отвори лабораторија со најсовремена технологија

Скопје, 21.03.2016 - БIOTEK лабораторија претставува прва специјалистичка лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема.

Опремата и реагенсите се од врвни светски брендови како: Beckman Coulter, BioMerieux, MEDIWISS. БIOTEK лабораторија ќе нуди комплетна клиничка анализа со најсовремена технологија, мониторирана и сертифицирана во Англија на месечно ниво. 

Врвната технологија дава брзи и прецизни резултати, a високо стручниот кадар е гаранција за грижата на здравјето на секој пациент.   

"Со 17 годишно искуство на БИОТЕК во работа си врвни светски производители во областа на биохемија, имунологија, микробиологија и молекуларна биологија, решивме да инвестираме во лабораторија во која најдобрите производи во овиe области ќе бидат достапни за секој пациент. Со инвестирање во една ваква лабораторија која пред се има најсовремена опрема и врвни но и одличен медицински кадар, сакаме да придонесеме максимално кон подобрување на здравјето на луѓето преку брза и прецизна анализа која ја нудат овие апарати и која ќе биде на месечно ниво мониторирана во Англија. Со инвестирање на комплетно автоматски методи и контроли ќе бидеме во чекор cо највисоките лабораториски европски стандарди. Истовремено, по европски модел, во нашата лабораторија се одржуваат и едукациски работилници за нашите клиенти од Македонија." - изјави г-ѓа Анкица Синадинова - Базерко.

Во периодот од 18.03 до 30.04.2016 година БИОТЕК лабораторија ќе врши бесплатна домашна посета и земање на примероци за анализа од вашиот дом (во Општина Центар), а со секоја анализа добивате и 50% попуст на алергиските тестови. Тестовите имаат панел со најголем број алергени (30) и единствени се кои содржат “CCD blocking solution” кој нуди 100% сигурен резултат и избегнување на лажно позитивен резултат.

Во БИОТЕК Лабораторија е ангажиран искусен тим на доктори и медицински лица кои бесплатно на секоја изработена анализа ќе сугерираат дополнително мислење. 

БИОТЕК лабораторија се наоѓа на Ул. Аминта трети 44 во Скопје.

28 Март 2016

За авторот