Васил Јанкула.. Една слика илјада зборови

Денес на 10.05.2019 во 9,00 часот пред зградата на Општина Ресен Преспанецот Васил Јанкула ќе започне неколкудневно патешествие со цел да ја обиколи државата со својот трицикл во чест на лицата со церебрална парализа.

Неговото патешествие од Ресен ќе продолжи кон Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид за на крај повторно да се врати во Ресен. Негова придружба и логистика е тренерот Тони Ангеловски. Деветстотини километри за седум дена.. Среќно Васил, со тебе сме.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија