Утре завршува пријавувањето за КМТ 2015

Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од најубавата и најтешката планинска трка во Македонија – пријавете се на „По стапките на Крали Марко”!

Дојдете и истрчајте една од трите патеки низ Прилепско и доживејте единствено искуство кое ќе ви ги промени погледите на трчањето. Прекрасни пејсажи, средновековни манастири, остри врвови и стрмни патеки се само дел од предизвикот наречен „По стапките на Крали Марко” наменет за сите вљубеници во трчањето и планините и адреналинските зависници.

Настанот е закажан за последниот викенд од септември 25-26, но пријавувањето завршува утре, на 1ви септември. Во стартниот пакет добивате право за учество на трката, храна и пијалоци на контолните точки, техничка маичка и уште неколку други мали изненадувања.

Ако случајно се двоумите еве видео од минатата година кое веднаш ќе ве убеди да дојдете и да се дружиме.

ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија