Комерцијален текст

Твојот начин да бидеш фит!

Најмасовниот аеробик настан Fit Up Open Aerobic покажа дека Битолчани сакаат, знаат и умеат да се грижат за своето здравје и кондиција.

И најмладите и повозрасните, сите подеднакво беа дел од настанот на ракометното игралиште во Битола, поддржан од новиот Фит јогурт. Во рекордни три часа, од 18 до 21 часот, беа изведувани вежби во различен ритам и во соодветни техники, како: Hi-low Aerobic, Aerobic Energy Mix, Zumba kids, Zumba и Tae Bо.

Настанот беше одлична прилика за сите посетители да се воведат во начините и можностите како да се биде во добра физичка форма, како да ја надополнуваат својата енергија, за начинот на исхраната по вежбање и сл. се во насока на активниот и здрав животен стил.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија