Наслов

Трет, втор, Прв до врв - пријави се

Започнува пријавувањето за овогодинешниот Прв до врв, омилениот настан на Скопјани за масовно искачување до врвот на Водно со планинарење и возење велосипеди.

На 22 мај оваа година ќе се случи четвртото издание на популарната трка на Водно, во која учествуваат неколку илјади спортисти и рекреативци во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

Пријавувањето започнува со промотивен викенд и симболична цена од 120 денари за најбрзите 100 пријавени учесници, по што цената за пријавување ќе биде 180 денари и ќе важи до 29 февруари, па 240 денари од 1 март до 30 април и 300 денари од први до 21 мај. Секој учесник добива стартен број, официјална маичка за 2016 година, освежување за време на трката, а победниците ќе бидат наградени.

По трките традиционално ќе се организира олимписки пикник на целта кај врвот, кога ќе бидат прогласени победниците во машка и женска конкуренција, како и најбрзите семејства, тимови, деца до 14 години и возрасни учесници над 40 години.

Натпреварувачите можат да се пријават на веб страницата www.prvdovrv.mk

25 Јануари 2016

За авторот