Наслов

Сребрен медал на MaXXimum Open во Словенија 2013

На 5 октомври во Марибор Словенија, се одржа второто меѓународно натпреварување MaXXimum Open во категорија бикини, фитнес и бодибилдинг. Целиот настан се спроведе во фестивалната сала Лент во Марибор. 

Голема благодарност до бодибилдинг федерацијата на Македонија а особено до Претседателот Бобан Ѓороски за организацијата и подршката што ми ја даваше мене и на сите наши натпреварувачи меѓу кој беа Тоше Зафиров, Јовче Василевски, Стојанчо Спасов, Христина Марковска, Ангела Јовевска, Марина Андонова. Во класата ( mens classic bodybuilding up to 175) освоив сребрен медал што е за место погоре од минатогодишната бронза. 

     

     

06 Октомври 2013

За авторот