Спринтерките на Банистер продадени за многу, многу пари

Во 1954 година во Оксфорд англискиот атлетичар Роџер Банистер успева да ја урне бариерата од 4 минути за дистанцата од една милја, нешто што до тоа време се сметаше за невозможно. Со тек на времето резултатот беше многупати подобруван од разни светски атлетичари, но ниеден не успеа да си ги продаде своите спринтерки за сума од над 400.000 долари.

Да се истрча една милја или околу 1,6 километри за време под четири минути во времето на 50-тите години било едно од најголемите спортски достигнувања. Роџер Банистер е првиот човек кој за само една секунда го има подобрено ова време со што неговиот 3:59.4 влегуваат како први во историјата на светската атлетика. 

Само еден месец подцна овој рекорд е повторно срушен од Џон Ленди, а со текот на годините времето ќе биде континуирано подобрувано за дури 17 секунди кога во 1999 година Мароканецот Ел Геруж ќе го постави сегашниот рекорд од 3:43.13 кој стои до денешен ден. 

60 години подоцна т.е. оваа недела спринтерките што Банистер ги има носено за време на неговиот настап се продадоа а аукција во вредност од 266,500 фунти или окилу 412 илјади долари од страна на анонимен купец. 

Во текот на годините рекордот на овој човек заедно со неговите трофеи претставувале голема инспирација и историски важни дела за светската атлетика па затоа оваа година 86-годишниот Џорџ кој боледува од Паркинсонова болест решава да ги пушти на аукција. 

Иако предвидени за некоја цена во опсег од 30,000 до 50,000 фунти, тие се продаваат многу поскапо, а Банистер планира дел од парите да одат во фондацијата Autonomic Charitable Trust (ACT) која промовира истражувања на полето на неврологијата.

Повеќе за Човекот и рекордите – ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија