Отварање на Specialized Elite Store

Specialized е доволно специјален, па уште и Elite Store во Скопје..

Епа честитки скопјани. Првиот Specialized Elite Store во овој дел од Европа го добивме ние.

Некако последователно, три години по ред имаме Test The Best на Водно каде може да ги пробаме сите модели на Specialized, во најава и четврти за ова лето и сега си добивме и ептен кул место каде што можеме да си се информираме, да си се опремиме од глава до пети и плус да си пазариме едни од најквалитетните тркала што постојат.

Единствено место кај нас каде што може да ви се направи и BG Fit (Body Geometry Fit), да си направите пробна вожња и да си се тркалате уште по среќни. Ние бевме дел од атмосферата за отварањето и суперски си поминавме во амбиент што нè направи да се осеќаме онака светски што би се рекло, нешто што му фалеше на нашиов град. Уживајте во тоа што успеавме ние да снимиме и обавезно да ги посетите тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија