Ski Tracker Pro – апликација за љубители на зимски спортови
Ski Tracker PRO апликацијата ви овозможува да ги следите и анализирате вашите перформанси при скијање или бордање со помош на вашиот телефон.
Апликацијата ви овозможува лесно да ги лоцирате и комуницирате со вашите пријатели каде и да сте, па нема да бидете загрижени дека можете да ги изгубите на стазите. Таа ги користи предностите на GPS како и на деталните мапи за најразличните скијачки стази за да ви овозможи веднаш да видите каде се наоѓаат вашите пријатели. Исто така, Ski Tracker PRO ви дава и информации за тоа колку би ви било тешко да поминете одредена стаза.
Со помош на GPS сигналот апликацијата Ski Tracker PRO ги доловува вашите движења и ги анализира offline користејќи ја моќта на вашиот паметен телефон.
Ski Tracker PRO поддржува стандардни и метрички единици за растојание и вртење.
Откако ќе завршите со скијање или бордање можете да ги зачувате вашите активности или да ги споделите на социјалните мрежи.
Апликацијата има само бесплатна верзија. Верзијата вклучува:
– Лоцирање и комуникација со вашите пријатели во реално време
-Зголемено траење на батеријата
-Нема реклами
-Можете да изберете повеќе од десет различни метрики за следење
-Ви обезбедува пристап до детални анализи на вашите активности