„Скајран“ откажан поради повеќе од развигор

Десет часа по стартот на „Скајран 2013“, 100 километарската трка во планинско трчање во Јужна Африка организаторите дигаат црвено знаменце за стоп на натпреварот поради екстремно ветровити услови. Видеото од највисокиот врв на рутата доволно добро ја доловува причината.

Видеото е снимено од еден од тркачите блиску до највисокиот врв на рутата Авока, а само едно делче од него ќе ви покаже зошто Саломон „Скајран 2013“ беше откажан. 

10 часа по стартот организаторите ја прекинуваат трката поради очигледни причини, а потребни им биле уште 10 часа да ги обезбедат и симнат сите натпреварувачи од планината. 

100 км долгата „Скајран“ е една од најтешките трејл трки во Јужна Африка. И додека временските услови се дефинитивно меѓу главните фактори кои диктираат, рутата сама по себе е екстремна поради фактот што е комплетно необележана, а натпреварувачите се оставени сами на себе, што го прави ориентирањето и издржливоста приоритет.

Еве едно пишано искуство од еден натрпеварувач.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија