Наслов

Се одржа третото издание на зимскиот вертикален километар на Церипашина

Овој викенд на 19.02.2017 со старт од Попова Шапка се одржа зимскиот вертикален километар на Церипашина кој го имаше своето трето издание. 

Во форматот наречен „Вертикален километар” според Интернационалната Скајранинг Асоцијација влегуваат сите трки во кои се искачува висинска разлика од 1000 позитивни метри но во должина не поголема од 5 километри.

Конкретно „Церипашина Вертикал” претставува ваков тип на трка каде низ стазата долга 4,5 километри се искачуваат потребните 1000 метри, но во зимски и поекстремни услови. Трката започнува со старт од пред ски теренот Тетекс на Попова Шапка, следи стрмно искачување на врвот Церипашина 2430, симнување до над Бобиновата стена па оттаму се искачува Син Врв (Антени) 2540 мнв. 

Поради променливите временски услови и новата снежна покривка, патеката беше скратена и искачувањето беше до заслонот на Церипашина кој се наоѓа на приближно 2400 метри надморска висина. На трката стартуваа 26 души од кои 25 ја завршија, а победниците беа со овој редослед: 

Жени 

1. Сања Костуранова - 48:52 
2. Мартина Милева - 1:00:26
3. Светлана Стојаноска Ивановска 1:03:46

Мажи 

1. Александар Кирковски 42:25 
2. Жикица Ивановски 43:53
3. Дејан Тодевски 44:42 

Трката Церипашина Вертикал беше во организација на клубот за планинско трчање ТРЕКС од Македонија и ПСД Макпетрол, а ова беше трето зимско издание. 

Повеќе фотографии од овој настан можете да погледнете тука, a сите резултати ќе ги пронајдете на овој линк

21 Февруари 2017

За авторот