Рекорден број на финишери на Њујорк Сити Маратон

Одличните временски услови и големата популарност на настанот допринесоа до нов рекорд на овогодинашниот маратон во Њујорк каде финиш линијата ја поминаа рекорден број на тркачи. 

Маратонот во Њујорк Сити преставува еден од најмасовните маратонски настани во светот. Оваа година низа на околности направија поволни услови за рекорден процент на финишери на маратонската трка. 

Вкупно 53121 стартери ја започнаа трката од Статен Ајленд во Њујорк овој викенд, а од тие, финиш линијата во Централ Парк трката ја изминаа 52812 тркачи. Со успешност од 99.4 прценти ова е најголемата забележана бројка на финишери на еден маратон. 

Претходниот рекорд истата категорија беше во 2016 година на истиот маратон кога финишираа 51388 луѓе. Втор маратон по масовност е оној во Чикаго каде минатиот месец имаше 44610 финишери, а парискиот е трет со 42525 забележани финишери. 

Подолу следи кратка интересна статистика од маратонот. 

  • 30,669 мажи го финиширале маратонот 
  • 22,143 жени го финиширале маратонот 
  • 129 држави имаа претставници
  • 50 држави на САД беа претставени на маратонот
  • Досега маратонот го имаат завршено вкупно 1,229,354
  • Топ три мажите – Лелиса Десиса, Шура Китата и Џофери Камворор го истрчаа второто, третото и четвртото најдобро време во историјата на маратонот (2:05:59, 2:06:01, 2:06:2)
  • Победничкото време на Мери Китани (четврто во пет години) го донесе вториот најдобар женски резултат во историјата на маратонот (2:22:48).

Македонија ја претставија Бојан Сапунов, Тони Цветковски, Николче Тасески и Александар Стојанов.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија