Комерцијален текст

Помалку шеќер за повеќе здравје

Со минатонеделната промоција на нови производи без додаден шеќер во новата продавница во Градскиот Трговски Центар во Скопје Виталиа ја започнува кампањата “Помалку шеќер за повеќе здравје”. Следејќи ги препораките на Светската здравствена организација Виталиа започна со производство на нова линија на производи без додаден шеќер и воедно започна со намалување на шеќерот во својот асортиман.

Виталиа отвора ново поглавје во здравата исхрана според светски стандарди

„Како дел од кампањата “Помалку шеќер за повеќе здравје” ќе организираме и низа општествено одговорни активности. Како продолжение на проектот 5ка за Здрава Храна за кој Виталиа ја доби наградата 29 ноември од Град Скопје, наши нутриционисти ќе одржат едукативни предавања во основните училишта и градинките, со што ќе придонесеме во градење на здрави генерации, а здравите навики дефинитивно се креираат од најрана возраст. Виталиа ќе донира здрави производи без шеќер во клиниката за онкологија, СОС детското село како и на децата со специјални потреби”, истакна Мариета Мартиновиќ од Виталиа. Таа додаде дека

Виталиа иако воведува новости производите ќе го задржат својот уникатен вкус и функционалност. “Со оваа кампања сакаме да ги поттикнеме и останатите производители да се вклучат во кампањата и да го намалат шеќерот во своите продукти”, порача Мариета Мартиновиќ.

За време на промоцијата се обрати и Бобан Несторовски од здружението за дијабетичари „БУВ” кој рече „Виталиа отвора ново поглавје во олеснувањето на нашето секојдневие. Преку кампањата „Помалку шеќер, за повеќе здравје” не само што ни го олеснуваат денот туку и се заложуваат да го подобрат здравјето на сите. Целта која ја имаат не е за потценување. Затоа сакаме да се заблагодариме на Виталиа за поддршката која со години ни ја даваат и која од денес ја надоградуваат со новата линија на производи”.

Виталиа ја промовираше новата линија на производи неколку денови пред 14 ноември, Денот на дијабетесот за време на кои организира неколку активности за подигнување на свеста на јавноста за ова заболување. Компанијата останува посветена кон креирање на здрави продукти кои ќе им помогнат на потрошувачите да изградат здрави навики.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија