Полјакот Анджеј Баргиел во обид да го спушти К2 со скии

Оваа сезона на К2, младиот и успешен полски ски-алпинист и тркач Анджеј Баргиел ќе се обиде да го направи првото успешно спуштање со скии на вториот врв по височина на светот. Историјата на овие обиди не е баш најсјајна, но да се надеваме дека младиот Баргиел безбедно ќе успее во својата намера.

Анджеј Баргиел е млад ски-алпинист од Закопане, Полска кој на негови 30 години досега има постигнато фантастични резултати и авантури во светот на планините.

Моментално тој го држи брзинскиот рекорд во качување на Елбрус – 3:23:37 поставен на трката во 2010 година – Карл Еглоф го држи рекродот во качување и спуштање, го држи брзинскиот рекорд за качување (од Базен камп) на Манаслу – 14 часа и 5 минути, истовремено го држи и најдоброто време за качување и спуштање на овој врв – 21 час 14 минути. 

Покрај ова младиот Полјак го држи рекордот за брзинско комплетирање на таканаречениот „Снежен Леопард” – искачување на петте највисоки врвови во поранешниот СССР – (Пик Ленин, Пик Корженевскаја, Исмоил Сомони или Пик Комунизам, Кан Тенгри и Џенгис Чокусу или Пик Победа) за севкупно време од 29 дена 17 часа и 5 минути. Сите врвови се над 7000 метри. За овој подвиг Дискавери има серијал насловен како „Снежна Пантера”.

Конкретно за скијање на големи врвови, тој ги има минато Шишапангма и Брод Пик, а како аклиматизација за ова искачување тој ќе го проба Гашербрум 2. Ова ќе биде негов втор обид откако во 2017 беше спречен поради лоши временски услови. 

Историјата на овие обиди за скијање на К2 не е баш најсјајна. Досега само двајца се обиделе да го направат спуштањето. Ханс Камерландер во 2001 година кога стига до врвот но се враќа поради загинување на друг алпинист, а во 2010 година Фредерик Ериксон се качува, но при спуштањето загинува.

Моментално екипата се наоѓа во базен камп на Г2 а прогресот можете да го следите тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија