Многу причини за да не возиш кола

Луѓето кои одат пеш, возат велосипед или одат на работа со јавен превоз се докажано поздрави од оние кои тоа го прават во мрзливиот автомобил. Ајде за точакот и пешки(то), ама и овие со ЈСП? Да!

 

Според неколку нови британски студии докажана беше позитивната конекција меѓу пешачењето, возењето велосипед и користењето на јавен транспорт и подобреното физико и ментално здравје во однос на возачите на автомобили.

Резултатите од првото истражување покажа дека луѓето кои воопшто не користат автомобил како превозно средство за нивен транспорт до работното место имаат помала тежина (3кг. за мажи и 2кг. за жени) од оние кои возат па дури и кога фактори како начин на исхрана, возраст и вежбањето се контролирани. Другата студија пак, заклучи дека овие луѓе се во поголема ментална благосостојба од шоферите.

Иако позитивните ефекти од одењето пеш и користењето на велосипед во главно отпаѓаат на самата физичка активност, малку не беше јасно како користењето на јавниот превоз, делува исто така позитивно.

Истражувачите векат дека овој тип на транспорт во себе содржи многу поголем процент на „спонтана“ физичка активност како одење од дома до постојката, трчање по автобус, стоење додека се чека превозот итн. Сево ова се натрупува во активност која што не` прави поздрави, за разлика од екстремно мрзливиот автомобил кој е потребно само да го запалиме.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија