Наслов

Планински фестивал на Шапка - Велосипед, Трчање, Уживање

На последниот викенд од овој топол август како загревање за спортски уште поактивна есенска сезона на распоредот следи Планинскиот Фестивал на Попова Шапка. До сите наши читатели, ова е еден искрен бујрум кој ви го нудиме од повеќе објективни планинско-хедонистички причини. 

Велосипедизам, планинско трчање и уживање во свежиот шарски воздух се први на листата на овогодинашниот Планински Фестивал „Попова Шапка 2015” кој е во организација на тимот на Пробајк.

Оваа година како и претходните во склоп на државниот шампионат во планински велосипедизам ќе биде возен крос-кантри натпреварот во кои можат да земат учество лиценцирани велосипедисти но и нелиценцирани во ХОБИ класата.

Ова натпреварување ќе се одржува на 29.08, вечерта ни следи мала забава со DJ LEFFIX, a наредниот ден на 30.08 т.е. ден недела ќе се вози рекреативната тура (велосипедски маратон 48 км.) до Лешница која оваа година ќе има и натпреварувачки карактер за оние кои сакаат да се натпреваруваат. 

Уживателите кои не се брзаат ќе можат да си го потрошат денот во прошетка низ прекрасната Лешница и да го посетат т.н. водопад Кади во срцето на оваа убавина. Од оваа година фестивалот има и новитет за сите љубители на трчањето. На репертоарот се две трки од 16 и 8 километри низ Попова Шапка на кои можат да учествуваат сите заинтересирани.

РЕГИСТРАЦИЈА за учество и повеќе информации можете да пронајдете ТУКА.

СЕ ГЛЕДАМЕ НА ШАРА!

 

11 Август 2015

За авторот